Туристичка промоција на АППТ во Берлин со вмрежување на македонски и германски туроператори

- Македонија
78

На инијацитива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, a во рамките на Меморандумот за соработка потпишан од страна на АППТ и “ASR”- Алијанса на независни туристички агенции од Германија, се покрена иницијатива за организирање на промотивен настан и бизнис средби во Берлин.

-Настанот се организира во македонската амбасада во Берлин на која учество земаа членките на организацијата “ASR со цел вмрежување и соработка со македонски и германски туроператори. Присуството на претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и македонскиот туристички сектор е од круцијално значење за воспоставување на соработка со германските туроператори и проширување на туристичките пазари -информираат од АТТП.

Од агенцијата изразија  благодарност до македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села за поддршката и активното учество во промоцијата на Македонија пред германските туристички ентитети, и  до туристичкиот водич Андријана Башоска за заложбата да го пренесе најавтентичното од Македонија и да ја доближи туристичката понуда пред германските туристи.

Идната соработка со германските туроператори е веќе воспоставена и следните активности ќе се реализираат во Македонија, со организирање на информативно патување низ земјава и бизнис средби во Скопје и Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари