Владата одлучи- Недела и понеделник, 7 и 8 јануари се неработни денови

- Македонија
173

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека Владата на Република Македонија на  216-тата седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница.

– Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Македонија. Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари