Македонија ја совлада Грција во првиот пријателски натпревар пред ЕП

- Спорт
155

Машката сениорска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Грција со резултат 33:30 во првиот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство во Германија.

Најефикасен во нашиот тим беше Лазаревски со осум гола, два помалку постигна Ненад Костески, додека Филип Кузмановски го заврши мечот со пет погодоци. Никола Митревски го заврши натпреварот со девет успешни интервенции.

Македонија и Грција денеска ќе одиграат уште еден натпревар како генералка пред заминувањето за Германија, но овој дуел ќе биде одигран без присуство на публика.

Нашиот национален тум патува за Германија на 8 јануари, а првиот меч на ЕП 2024 ќе го играат на 10 јануари против Франција.

Facebook Коментари