Владата одлучи: Од понеделник се укинуваат ПЦР тестовите за Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

- Македонија
443
Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесена е одлука да се овозможи  непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест.
-Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.- информира премиерот Заев
Тој додава дека одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје.
Со оглед на тоа дека одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните,  од владата апелираат патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19.
Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.
Strugaonline

Facebook Коментари