Во Албанија денеска може и со лична карта без ,,Северна“

- Македонија
571

Протокот на возила на сите гранични премини на Република Северна Македонија со соседните држави се одвива нормално, без застој. Од полноќ возилата се пропуштаат според одредбата од Договорот од Преспа, со која престанаа да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата Република Македонија.

Согласно билатералниот протокол со Албанија, сообраќајот се одвива нормално со важечки патни исправи и со возачки дозволи и регистерски таблички без ознаката НМК. Според информации на МИА, граничниот премин Ќафасан, со соседна Албанија, од македонска страна го напуштиле граѓани со стара лична карта без додавката Северна и не се вратени, односно се пропуштени и од албанските гранични служби.

На тој граничен премин од полноќ до 10 часот утрово, вкупно 837 патници направиле влез и излез од државата.

– На Ќафасан од 00 часот од полноќ до 10 часот денеска, споредбено со вчера сообраќајот на патници и возила бележи благо зголемување, се одвива нормално, непречено и без застој од албанска страна. На влез регистрирани се 62 наши државјани и 441 странски државјан, или вкупно 503 патници. На излез регистрирани се 147 наши и 187 странски државјани или вкупно 334 патници. Полициските службеници од граничен премин Ќафасан ги превземаат сите мерки и активности за полесен проток на патници и возила, изјавила за МИА, портпаролката Мерлина Зиба.

Извор: МИА

фото: архива

Facebook Коментари