Претстава „Сергеј е многу глупав“ во петок ќе се игра во Охрид

- Македонија
108
Театарската претстава „Сергеј е многу глупав“ од  Дмитриј Данилов  во режија Дејана Николовскa повторно е на репертоарот на охридскиот Центар за култура во петок, 16.02.2024 година, со почеток во 20.00 часот.
-Во претставата „Сергеј е многу глупав” се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент
па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас.Тој се плаши од ирционалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката?.“ – стои во описот на содржината.
Никола Тодороски ја игра улогата на Сергеј, Стрезо Стаматоски е првиот курир, Горан Стојаноски е вториот, а Филип Кипровски третиот курир. Улогата на Маша ја игра актерката Елизабета Стефановска Јандреовска.
Билетите по цена од 200 денари на билетара при Центарот за култура.
Strugaonline

Facebook Коментари