Во земјава пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција

- Македонија
341

Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од  Турција.

,,Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. “ – информираше министерот Филипче.

Тој додаде дека вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.

Според последните информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера вакцинирани се  250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Со последните бројки 48 % од пријавеното население над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од пријавеното население над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од пријавеното население над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Facebook Коментари