Време: Денеска и утре студен бран, потоа следи затоплување

- Македонија
474

Денеска и утре под влијание на студена воздушна маса од север ќе имаме потпросечни температури на воздухот. До крајот на денов облачноста ќе се зголеми и особено на југ ќе има послаби врнежи од дожд. Иако се помали сепак има услови на највисоките планински врвови и за сосема слабо провејување на снег. Максималната температура на воздухот денес ќе се искачи во интервалот од 10 до 18 степени. Сеуште свежо време ќе имаме и утре со максимална температура од 12 до 18 степени а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и без врнежи. По влијание на значително потопла воздушнамаса од југ значително затоплување на времето очекуваме од среда па натаму кога и температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Подготви: Славчо Попоски 

Facebook Коментари