Време: Денеска облачно со врнежи од дожд, од утре стабилизација

- Македонија
435

Денеска под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Позастапени врнежите ќе бидат во југозападните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени. Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари