Време-Облачно и студено со врнежи од дожд

- Македонија
342

Денеска ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени. Утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари