Време- Облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
45

Денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени. Утре претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари