За најмалку 70% се намалуват ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите

- Македонија
506

 За најмалку 70% ќе се намалат ратите за кредитите од финансиските и лизинг друштва во следните три месеци за граѓаните, за кои нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци, провизии и казнени камати. Овие обврски рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата, или може да се продолжи отплатата за најмалку 90 дена. Ова е регулирано со донесените уредби за финансиски друштва и за лизинг на денешната владина седница.

Известувањето за новите услови граѓаните ќе добијат преку веб-страната на финансиското или лизинг друштво, смс, е-маил или друга електронска комуникација – ако во рок од 10 дена не се изјаснат дека ја одбиваат понудата, истата се смета дека е прифатена.

За правните лица ќе се одлучува индивидуално, по барање на самиот клиент, доставено исто така електронски.

Нови договори за кредити пак, може да се одобруваат со 3 месеци грејс период по барање на корисникот и во тој период ќе се пресметува само договорна камата.

Паралелно, со намалување на законската затезна камата, ставката на вкупните трошоци кои се наплаќаат кои досега изнесуваа 51% од вкупната сума на кредитот, сега се намалуваат на 31%. Останатите трошоци кои досега не беа ограничени, сега се ограничуваат на 30% од одобрениот кредит.

Со овие измени значително се олеснува товарот за исплата на овие кредити, како и се намалуваат трошоците за нивно сервисирање.-информираат од министерство за финансии.

Strugaonline

Facebook Коментари