Време-Облачно со врнежи од дожд, во западните делови пообилни и со грмежи

- Македонија
289

Претпладне облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час. Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари