Време: Претпладне сончево, од пладне дожд, грмежи и ветер

- Македонија
72

Денеска претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени. Утре ќе преовладува слично време како и денешното.

Извор: УХМР

Facebook Коментари