Време-Променливо облачно со дожд, на планините снег

- Македонија
382

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините снег, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува умерен северен ветер. Во ноќните часови повремен снег ќе има и на некои повисоки места. Дневната температура ќе се движи во интервал од -1 до 12 степени. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб дожд на некои пониски места и слаб снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Извор: УХМР

Facebook Коментари