Време: Променливо облачно со сончеви периоди и студено

- Македонија
484

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Утринските температури на места ќе се спуштат и 12 степени под нулата. Дневната температура ќе се движи во интервал од -3 до 10 степени. Утре ќе преовладува променливо облачно време со локален снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Затоплување се очекува од сабота.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари