Време- Сончево и натпросечно топло, во текот на ноќта услови за дожд

- Македонија
296

Денеска ќе преовладува сончево и натпросечно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени.

Утре ќе биде умерено облачно со слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од северозападен правец. Преку денот ќе биде нестабилно со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во северните делови ќе се намали за неколку степени. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 35 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари