Поезијата на Зафир Хаџиманов ,,Од љубов не се бега“ доби нова музичка димензија изведена од Игор Атанасоски-Харе

- Музика
74

Безвременската поезија ,,Од љубов не се бега“ доби нова музичка димензија благодарение на познатиот музичар Игор Атанасоски, познат како Гуру Харе.

Харе во оваа песна дава свој автентичен музички белег, задржувајќи ја поетичноста и на тој начин ,,Од љубов не се бега“ оживува повторно.

,,Ме инспирира поезијата на Зафир, и направив поинаква музика и аранжман. Песната е напишана со едноставен народски јазик, исто како блуз песните и тоа ме повлече да и дадам таков музички облик.“ – изјави Атанасоски за Strugaonline.

Изведувачкиoт состав го сочинуваат- Игор Атанасоски – Харе Гитара и вокал, Трајко Симоновски – бас Дамир Имери – клавијатури Мите Димовски – тапани , во продукција на  Студио – Тралала Скопје.

Strugaonline

Facebook Коментари