Време-Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
312

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 36 степени. Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 33 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари