Време-Студено и ветровито со врнежи од снег

- Македонија
479

Денеска ќе преовладува облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.Дневната температура ќе се движи во интервал од -2°С до 6°C. Утре ќе биде променливо облачно, студено и ветеровито со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари