Забрана за сообраќај за сите видови возила на „Плетвар“

- Македонија
627

Поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и намети, воведена е забрана за сообраќај за сите видови возила на планинскиот превој „Плетвар“.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Во западниот дел од државата провејува слаб снег. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2020 година.

извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари