Вардар загуби од Кил со двоцифрена разлика

- Спорт
467

 

Ракометарите на Вардар синоќа беа поразени од екипата на  Кил со резултат со 34:23 во натпревар од  од 11. коло од Лигата на шампионите .
Натпреварот започна со еднакви сили на двете страни, но после 3:3 , Кил ја направи првата серија од 4:0, а потоа се одеше во знакот на домаќините.
Вардар неколкупати се обиде да фати приклучок и во неколку наврати успеа да ја стопи разликата, на пауза нашите ракометари отидоа со резултат 18:14
Во второто полувреме Вардарци играа подобро и успеаа да дојдат до разлика од само два гола.
Но, ситуацијата на терен се промени брзо, откако голманот на Кил одбрани неколку наши удари, потоа Вардарци влегоа во нова криза, па во 50та минута Кил имаше +7

На крајот беше 11 гола разлика, односно конечен резултат  34:23

КИЛ – ВАРДАР 34:23 (18:14)

Сала: Шпаркасе арена во Кил. Судии: Зигмар Сондорс и Ренар Лицис од Летонија. Делегат: Петер Олсон од Шведска.

КИЛ: Ландин (14 одб.), Квенштет, Дувњак 1/4, Рајнкинд 4/5, М. Ландин 6/6, Вајнхолд 2/4, Винцек 1/3, Екберг 8/10, Рамел 4/4, Дамке 1/1, Зарабец 4/4, хорак, Билик 0/2, Пекелер 3/5.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР: Гедбан (6 одб.), Гогов, Стоилов 5/7, Кукуловски, Димитриоски 1/2, Кристопанс 6/9, Карапалевски, Сикошек Пелко, Атман 0/1, Скубе 2/4, Калараш 2/2, Чупиќ 3/5, Де Толедо, Дибиров 4/10, Горбок 0/2, Горпишин.

Strugaonline

фото: РК Вардар

Facebook Коментари