Започна кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, ,,Вила Водно“ светна во портокалово

- Македонија
442

Од денеска започнува меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, токму на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, а ќе трае до 10 декември, Денот на човековите права.

Порака на оваа тема упати  претседателот Стево Пендаровски, кој се приклучи на „16 дена активизам“ така што „Вила Водно“ беше осветлена во портокалова боја, симбол на оваа кампања.

Пендаровски во својата порака истакна дека е нужно секој од граѓаните да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори.

,,Сè поголемиот број на жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство во текот на пандемијата, е последниот сигнал дека е потребен побрз одговор од институциите, сеопфатна стратегија и поддршка на жртвите на насилство.
Истовремено, должни сме како луѓе, насилството да го пријавиме и да им помогнеме на жртвите. И не само денеска, на Меѓународниот Ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство или во следните #16ДенаАктивизам. Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден!“ – порача Пендаровски.
Strugaonline

Facebook Коментари