Иги Азалиа и Афроџек го засилуваат ЕГЗИТ Фестивал!

- Забава
775

Едно од најсилните програмски изданија во историјата на ЕГЗИТ фестивалот штотуку е дополнително засилено! Својот настап на Главната бина на Фестивалот го потврди повеќекратно наградуваната австралиска раперка Иги Азалиа (Iggy Azalea), една од најголемите хип-хоп ѕвезди на денешницата, со повеќе од 10 милијарди стримови и дури 70 милиони продадени албуми! Во јули на Петроварадинската тврдина пристигнуваат уште две имиња од годишната Топ 10 листа на славниот DJ Mag – ценетиот диџеј и продуцент Афроџек (Afrojack) и најголемиот бразилски суперстар Алок (Alok), како и германскиот хитмејкер Ејтиби (ATB)!

Сите тие се придружуваат на претходно објавените големи имиња, меѓу кои се и некои од најголемите светски ѕвезди, како Калвин Харис, Ник Кејв енд д Бед Сидс, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џек Џонс, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Реинер Зоневелд, Монолинк, Денис Султа, Сепултура, Напалм Дет, Марки Рамон и многу други. Новото издание на ЕГЗИТ фестивал, под слоганот „Заедно. Засекогаш!“ ќе биде одржано од 7 до 10 јули, а наскоро ќе бидат објавени и нови големи имиња од програмата за славната Денс Арена! Поради огромниот интерес, актуелните цени на стандардните фестивалски влезници ќе важи најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот.

Новата хедлајнерка на ЕГЗИТ фестивал, мултиталентираната раперка Иги Азалиа, во изминатата деценија се проби како едно од најважните имиња на глобално најпопуларниот музички правец денеска. Зад оваа музичарка на социјалните мрежи стојат повеќе од 35 милиони луѓе, како и најголемите музички имиња со кои таа соработувала, како што се Бритни Спирс, Џенифер Лопез и Ариана Гранде. Во јуни 2014 година нејзините синглови „Fancy“ и „Problems“ дојдоа до првите две места на Билбордовите Хот 100, со што таа се изедначи со рекордот кои го држеа „Битлси“. Австралиската раперка на тоа одговори: „Попрво би сакала да сум ’Ролинг Стоунс’“, и покрена лавина по која, токму со мегахитот „Fancy“, стана женската хип-хоп изведувачка со најдолготраен број 1 сингл во историјата, надминувајќи ја дотогашната лидерка Лил’ Ким. Својот голем талент таа веќе го закити со повеќекратни музички признанија, меѓу кои се „Американ“, „Билборд“ и „Емтиви“ музичките награди, како и „Пиплс Чоис“ и „Тин Чоис“, покрај четирите „Греми“ номинации.
Со „Греми“ награда зад себе, на ЕГЗИТ се враќа и Афроџек, влијателниот холандски диџеј, продуцент и текстописец, кој својот продор на меѓународната сцена го направи со мултиплатинестиот хит „Take Over Control“. Со години е еден од најплатените диџеи на светот, веќе цела деценија е неизбежен на листата за најдобри диџеи на престижниот „Диџеј Маг“ и добитник е на „Емтиви“ наградите. Дека неговата позиција е заслужена покажува и бескрајниот список со музички имиња чии песни ги има тој напишано и ремиксирано, меѓу кои се Бијонси, Ју2, Сиа, Мартин Гарикс… Сите граници ги помести песната „Hey Mama“, со Дејвид Гета, Ники Минаж и Бебе Реџа, која има неверојатни 1.5 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“! По енергичниот заеднички настап со Квинтин во 2014 на Денс Арената, своите хитови Афроџек сега ги носи на Главната бина.

Неприкосновениот бразилски суперстар Алок во овој момент е еден од најистакнатите личности на светската електронска музичка сцена, а својот стил го опишува како „денс поп“ и „бразилски бас“. Изминатите две години ни ги донесоа неговите хитови „Don’t Cry For Me“ со Џејсон Деруло, „In My Mind“ со Џон Леџенд и „Don’t Say Goodbye“, додека една од неговите најубави песни е „Hear Me Now“. На социјалните мрежи има повеќе од 40 милиони следбеници, што го прават втор најследен диџеј на светот, а угледниот „Диџеј Маг“ во 2021 година го прогласи за четвриот најдобар диџеј на светот.

Андре Танебергер попознат како АТБ е германски музичар, диџеј и продуцент на транс и прогресив хаус жанровите, кој зад себе има повеќе од 20 години исклучително успешна кариера. Неговата дебитантска песна од 1998 година, „9PM (Till I Come)“ денеска е платинеста класика која ја обележа ерата, стана број еден сингл во ОК и се искачи на врвот на листите ширум Европа. Потоа следуваа и хитовите „Hold You“, „You’re Not Alone“, „Ecstasy“, „Marrakech“ и многу други со кои АТБ ја остварува својата зацртана цел како што неодамна изјави во едно интервју, односно „да создава мелодии кои со години ќе опстојуваат на сцената“.

ПОВОЛНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ НАЈДОЦНА ДО 8 АПРИЛ!
Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари и со заштеда од 60%. Овој контингент е лимитиран и ќе биде во понуда најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по подарок цената, со повеќе од 40% намалување. Цената на регуларните еднодневни влезници за овој ден е 1.950 денари, фан пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците кај нас може да се купат преку МкТикетс, официјалниот тикет-сервис за ЕГЗИТ во Македонија.

Facebook Коментари