Започнува Таксират Фестивал #22

- Забава
61

Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – АРХАНГЕЛ, ќе настапи на Таксират Фестивал #22!

Првиот од низата концерти, со кој ќе биде одбележано 22-рото издание на Таксират Фестивал, ќе се одржи на 11-ти октомври 2020-та година во СЦ “Борис Трајковски”.

Со целовечерен концерт на Архангел, под мотото 30 години љубов, започнува официјалната музичка програма на фестивалот Таксират, кој повеќе од 20 години ја отсликува убавата страна на градот и игра значајна улога во градење на културата на нашите простори.

Архангел е едно од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбана музика. Во својата кариера издава четири албуми, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи.

Само една недела подоцна, програмата продолжува со соло концерт на еден од најдобрите изведувачи од домашната андерграунд хип-хоп сцена – СТРАЈК! По рекордно распродадениот прв соло концерт во 2018-та, Страјк со својот моќен израз и сурово искрени рими, се враќа на бината на Таксират Фестивал на 23-ти октомври
Билетите за 22-рото издание на Таксират Фестивал се достапни онлајн и низ дистрибутивната мрежа на  MkTickets.

Facebook Коментари