74 нови случаи на КОВИД-19, нема новозаболени во Струга

- Здравје, Македонија
502
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 16
• Тетово – 15
• Куманово – 8
• Гостивар – 7
• Битола – 6
• Кичево – 5
• Дебар – 4
• Струмица – 3
• Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2
• Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.
Регистрирани се две починати лица од: еден од Скопје и еден од Кичево, двајцата пациенти се од возрасната група 60+
Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од:
• Скопје – 8
• Тетово – 5
• Куманово – 2
• Кичево и Кавадарци – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.
StrugaOnline

Facebook Коментари