Од 8-10 декември во Струга ќе се одржи нултото издание на фестивалот за краток филм Drim Short. Под слоганот „Дајте ми добра приказна, а реалноста ќе ја следи“ ќе се отвори фестивалската програма која ќе биде распределена во три денови, од петок до недела. Оваа година фестивалот ќе има ревијален карактер и програма која ќе се фокусира на младите македонски автори и филмови од македонска продукција, a меѓу нив и филмови со силни општествени теми.
Погледнете го промо видеото за овогодинешното издание на фестивалот за краток филм Drim Short:
Drim Short е идеја во продукција на млади филмски работници од Струга кои се надеваат на создавање на филмска традиција и продукција во градот, а со тоа да придонесат кон континтинуитетот во културниот живот и пред сè да ја вратат кај стружани навиката за одење во кино, од таму и повикуваат на нови волонтери, односно ги повикуваат сите оние кои имаат минимум 16 години, слободно време и организациска способност, да се приклучат во создавањето на филмската традиција во Струга. Времето на ангажман ќе биде од 6 до 10 Декември 2017 година, максимум 5 часа во денот. Рокот на пријавување е до 3 декември на официјалната страна на фестивалот: [email protected].
Фестивалот годинава e овозможен со поддршка на Министерство за Култура на Република Македонија во рамките на проектот „Нов Културен Бран“, во соработка со фондацијата Фридрих-Еберт – Канцеларија Скопје и медиумска поддршка на Плеј Радио од Струга и www.strugaonline.mk.
StrugaOnline
Facebook Коментари