Студио за танц „БАХ“ врши упис на нови членови за сезона 2018/2019 година. Првиот уписен рок трае од 1-ви до 20-ти септември, а вториот од 20-ти септември до 1-ви октомври. Уписите се вршат секој работен ден во период од 17:00 до 21:00 часот во просториите на студиото, односно во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ или на телефон: 078 447 530.
Од „БАX“ информираат дека и оваа година ќе биде оформена посебна група за деца од четири до шест години, бројот на членови за оваа група е ограничен. Инаку, стандардно, прием на челнови се врши од шест години нагоре.
Балетското студио БАX годинава има изненадување и за мајките кои имаат две или повеќе дечиња -членови на балетското студио. Истите добиваат гратис зумба тренинзи во текот на целата година. Од „БАX“ ветуваат уште една одлична танцова година исполнета со дружење, посветена работа, забава, смеење и успешни проекти.
Ова балетско студио зад себе има дваесет и пет години искуство, изгради вистинско танцово семејство и посебна култура на живеење во Струга. Танцувајте со нив и почувствувајте ја магијата!
Strugaonline
Facebook Коментари