Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени. Утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари