Каролина Гочева ја доби наградата за најдобра етно нумера на MAC Awards во Белград

- Забава
272

Каролина Гочева вчера-вечер ја доби наградата „Најдобра етно нумера” на MAC Awards односно првите регионални музички награди. Церемонијата се одржа во „Штарк Арена“ во Белград со беспрекорна организација и спектакуларни настапи на музичките sвезди од регионов.

Каролина ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде”, од нејзиниот најнов албум „Извор”. На доделувањето на наградите, освен Каролина, настапија и Марија Шерифовиќ, Масимо Савиќ, Стјепан Хаузер, Јелена Розга и други.

Strugaonline

фото: Инстаграм

Facebook Коментари