Лев банер Десен банер

Американското катче- Струга организира акцијата за донирање на коса за деца кои боледуваат од карцином

Израдувајте дете кое се бори за живот. Подарете прамен радост!

По повод Светскиот ден на борба против карцином, 4-ти февруари, Американско катче Струга и фризерските салони Studio B и Frizer Zana организираат акција за донирање на коса.

На сите оние кои би сакале да ја донираат својата коса и ги исполнуваат условите им следува бесплатно потстрижување во еден од горенаведените салони, и мал подарок од АК Струга во знак на поттик и благодарност.

Во соработка со Здружението за борба против карционом “Борка”, донираната коса ќе биде доставена до холандската организација Haarwensen, која изработува перики од природна коса и бесплатно ги доделува на финансиски немоќни деца болни од карцином.

Сите природни бои и типови на коса се добредојдени (освен седа коса), а единствен услов е да има должина од мин. 30 cm, да не биде третирана (фарбана, бланширана и сл.), и секако, да биде измиена и чиста.

Акцијата ќе трае во текот на целиот месец февруари, а потребно е да резервирате термин во некој од салоните по Ваш избор.

Својата коса веќе ја донираше младиот охриѓанец Илија Левески кој повеќе нема долга плетенка, но има мирна совест и е среќен што имаше можност да донира.  Следете го неговиот пример, а доколку сте фризер или фризерка, приклучете се и вие во оваа иницијатива. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 046 / 782-114 или лично во Катчето.

Strugaonline

error: