Опасна екипа се собира ова лето: EXIT објави жестоки гитарски засилувања за Explosive бината!

- Забава
659

Екстремната бина за екстремните луѓе, славниот „Експлозив Стејџ“ (Explosive Stage) ситуиран во рововите на Тврдината, оваа година ќе биде вистинско поприште за фановите на жестокиот звук на ЕГЗИТ фестивал. Покрај веќе најавениот Phil Anselmo кој на главната бина со својот нов бенд The Illegals ќе го изведе сетот кој се состои од песните на Pantera, како и оперската метал-дива Tarja Turunen која пристигнува на „Фјужн“ бината, на ЕГЗИТ и „Експлозив“ бината пристигнуваат Arcturus, Entombed A.D, Peter and the Test Tube Babies и Total Chaos, но и низа други домашни, регионални и светски изведувачи подготвени за опасна свирка. Новите засилувања ги предводи едно од водечките светски дет-кор имиња, Whitechapel, кои премиерно пристигнуваат на овие простори и чиј настап во живо претставува вистинска енергетска бомба која не се пропушта, додека гигантите на шведската мелодик-дет сцена, Soilwork, се подготвуваат со својот настап да ја поведат публиката на сонично патување низ својата богата кариера, но и да ги споделат со неа песните од најновиот студиски албум Verkligheten! Еволуцијата на својот звук и десетгодишната музичка кариера ќе ја прослави на „Експлозив“ бината Booze & Glory, бестрашниот стрит-панк/Ои! состав од Лондон со херојска посветеност на настапите во живо, а еден од своите карактеристично луцидни настапи ќе приреди германската и светска легенда на дарк-вејв индустриал сцената, Das Ich, кои од основањето кон крајот на осумдесеттите до денеска инспирираат безброј уметници ширум светот.

Моќни рифови ќе донесе и Enforcer, еден од најсилните хеви-спид метал бендови од Шведска чија популарност е во константен подем веќе 14 години, како и едно од најценетите дум-метал имиња на оваа уникатна и мрачна сцена, шведскиот October Tide. Холандскиот хардкор состав, Vitamin X,  ќе го донесе својот препознатлив звук кој се карактеризира со фуриозен панк/хардкор помешан со треш-метал и рок рифови од седумтесеттите. Потоа доаѓа и младиот англиски бенд Grade 2, чиј звук може да се опише како силен и брз, вклучувајќи мелодични гитари и певливи вокални делови, додека од рускиот леден пекол стигнува кросовер бандата Siberian Meat Grinder, мешајќи хардкор треш со мноштво жанрови – од блек метал до рап. Пред публиката на „Експлозив“ бината ќе се претстави и романскиот Sur Austru, бендот кој е оформен од преостанатите членови на култниот состав Negura Bunget, со цел одржување на бесмртниот дух на тој бенд, а од регионот доаѓа словенечкиот состав KAOZ, вељенските метал староседелци присутни на сцената повеќе од 20 години, создавајќи сонична треш џунгла со својот единствен пристап кон музиката.

Покрај нив, експлозивната армија на овогодишниот „Егзит“ ја сочинуваат и Scandal, мелодичниот стрит-панк состав кој доаѓа од Романија, а ситуиран во Лондон, потоа  Otvoreni Prelom, анархо-хардкор панкерите од Србија, но и Asphalt Chant кој е водечки домашен дарк-вејв бенд, како и ветераните на романската готик-дум сцена – Grimegod. Најекстремната бина на Петроварадинската тврдина ќе ја покорат и малтешките екстремни металци MartYriuM, хардкор бендот од Белград, Bronze, додека од регионот пристигнува засилувањето со две имиња од Загреб – хардкор групата Ponor и металкор бендот Pale Origins, а за олдскул хеви-метал призвук ќе биде задолжен домашниот состав Thundersteel.

Петроварадинската тврдина во следното издание на ЕГЗИТ фестивалот од 4-ти до 7-ми јули ќе ја посетат некои од најактуелните имиња, но и живите легенди на светската музичка сцена, меѓу кои се рок титаните The Cure, рок бендот за кој во моментов најмногу се зборува Greta Van Fleet, најславниот диџеј на сите времиња Carl Cox, иконата на жестоката сцена и некогашен фронтмен на Pantera – Phil Anselmo со својот бенд The Illegals, метал-дивата со беспрекорен вокал Tarja Turunen, како и Dimitri Vegas & Like Mike, Paul Kalkbrenner, Lost Frequencies, Sofi Tukker, Tom Walker, 65daysofstatic, The Selecter, Whitechapel, Arcturus, Soilwork, Entombed A.D , Peter and the Test Tube Babies, Booze & Glory, Total Chaos, Das Ich и Atheist Rap, но и многу други големи имиња кои ќе бидат објавени во следните недели.

Во продажба се ЕГЗИТ пакетите со 55% попуст!
Во моментов во продажба е ограничениот контингент комплет EXIT билети по цена од  3580 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената за влезница за првиот фестивалски ден, кога настапуваат The Cure, изнесува 1800 денари за партер и 2495 денари за FAN PIT, додека цената за GOLD VIP дневните влезници за 4-ти јули е 6515 денари. Влезниците за EXIT во Македонија можете да ги набавите преку МкТикетс.

Facebook Коментари