Лев банер Десен банер

РК „Струга“ утре игра со РК „Пролет 62“ , а наскоро следи изненадување за љубителите на ракометот во Струга!

Во рамките на вонредното коло од Супер-лигата, ракометарите на РК „Струга“,  утре со почеток во 19:00 часот ќе играат против екипата на РК „Пролет 62“ од Скопје. Натпреварот ќе се игра во Спортски центар „Тими“. Бидете на трибините и дадете поддршка за нашиот тим.

Инаку, за сите љубители на ракометот во нашиот град, РК „Струга“ посебно изненадување ќе има во сабота, кога ќе прослави 70 години од основањето. Детали за овој настан ќе објавиме наскоро.

Strugaonline

error: