Oпштина Струга: Градоначалникот е против каква билo злоупотреба на плажите во Струга

- Локални
854

Општина Струга преку соопштение за јавност демантира дека има врска со „ узурпирањето” на градските плажи или палењето на трските.

-Напротив, ние како институција не ги поддржуваме ваквите дела и ќе направиме сé што е во наша моќ за да ги спречиме истите. Од друга страна, уредувањето и чистењето на плажите се прави во интерес на граѓаните, за почиста и погодна околина за нас и за туристите кои ја посетуваат Струга за време на туристичката сезона. Нашата цел како општина е да помогнеме во развиењето на туризмот во Струга и воедно да создадеме можности за работа за нашите граѓани.
Исто така, сметаме дека главната причина за овој хаос и дезорганизација е решавањето на статусот на концесионерите, па затоа од Министерот за транспорт и врски бараме да не дејстува на селективен начин и го покануваме да дојде и да најдеме заедничко решение, за доброто на градот и граѓаните на Струга.- стои во реакцијата од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари