„Спомени“ е новиот сингл и воедно најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски.
Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари. Одсвирена е само од саксофон и гитара.
Автор на музиката е Горан Папаз а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски.
Папаз и Танче со полна пареа го спремаат новиот проект кој ќе носи наслов „Елегија”, на истиот ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни.
Албумот треба да биде готов ова лето, на него на пијано ќе гостува маестро Иван Еминовиќ, диригент при Македонска Опера и Балет.
Видеото е изработено од страна на Мега Продукција, под режисерската палка на Ѓоко Наумовски, а во него се појавува Наташа Попоска Карче која ја оплеменува целата приказна.
Facebook Коментари