Eкипата на Вардар ќе игра во утрешното финале на Ф4 во Келн, откако успеа да ја совлада екипата на Барселона. Нашите ракометари го добија овој меч после 50 минути водство на противникот. Во десет минути Вардар успеа да дојде до победа и покрај тоа што имаше седум негатива и на крајот со 29:27 обезбеди ново финале во Келн и битка за уште една титула, после блескавата 2017 година. Во исклучително тежок натпревар Вардарци покажаа дека желбата за финале е силна и дека станува збор за една стабилна и квалитетна екипа која успешно оди кон својата цел.
ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 29:27 (9:16)
Сала: Ланксес Арена во Келн. Судии: Зигмар Сондор и Ренар Лицис од Летонија. Делегати: Роберт Дујардин од Франција и Ојвинд Тогстад од Норвешка.
ВАРДАР: Милосављев (15 одб.), Гедбан, Стоилов 1/2, Поповски, Кристопанс 10/14, Мораеш 4/4, Дисингер 2/3, Карачиќ 5/8, Скубе 1/3, Калараш, Чупиќ 3/4, Дибиров 2/5, Горбок, Шишкарев 1/2, Војводиќ, Кисељев.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.
БАРСЕЛОНА: Перез де Варгас (10 одб.), Мелер, Томас 2/2, Ентрериос 2/5, Сораиндо, Андерсон 0/4, Арињо 3/7, Гомез Абељо 9/11, Шипжак 1/1, Дос Сантос 2/3, Доленец 0/1, Мем 3/7, Брито Дуарте 2/5, Илиќ 1/2, Палмарсон 1/4, Фабрегас 1/1.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.
Facebook Коментари