Започна петтото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

- Спорт
683

Вчера во Охрид започна петтото јубилејно издане на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.

Во првата смена учествуваат 190 ракометари, а ако се сумираат двете смени, драгоценото искуство да бидат дел од овој камп годинава ќе го имаат 380 деца од тринаесет земји, бидејќи кампот има интернационален карактер. Капитенот и идејен творец на кампот, Кирил Лазаров, се обрати на свеченото отварање, а младите ракометари освен со капитенот,  ќе имаат можност да се дружат и да добиваат совети од врвни ракометни имиња како што се Доминик Клајн, Верољуб Косовац, а се очекува да пристигнат и неколку македонски репрезентативци. Од кампот на Лазаров исто така најавија дека на овогодинешното јубилејно издание, ќе дојдат тренери од Шведска и Данска кои работат со млади ракометари.

Првата смена на кампот трае од 19-ти до 25-ти јуни, а втората од 25-ти јуни до први јули.

Strugaonline

фото: КЛ7.мк

Facebook Коментари