Лев банер Десен банер

ЖКК Струга 2009 славеше дома против ЖК Гостивар

Во рамките од осмото коло во првата кошаркараска лига во женска конкуренција, ЖКК Струга ја совлада екипата на ЖК Гостивар со резултат 82:50, (по четвртини 21:20 ; 26:09; 21:09 ; 14:12) Најдобри стрелци во струшкиот клуб беа Модева со 23 поени, Стојановска постигна 22, а Зендели 15. Кај гостите најдобра беше Цветаноска со 10 поени.

Нашите кошаркарки и во јуниорска лига беа подобри од екипата на Гостивар. Тие славеа на домашпен терен, со резултат 66:37 (по четвртини 16:07; 15:17; 17:06 ; 18:07). Најдобри стрелци во ЖКК Струга 2009 беа Зендели со 21 поен, Модева имепа 9, а Чочороска и Укоска постигнаа по 7 погодоци.

Strugaonline

error: