Денеска завршува учебната 2019/2020 година

- Македонија
613

За 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и околу 19 илјади првачиња, денеска завршува учебната 2019/2020 година, првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот.

Во изминатите три месеци учениците и наставниците се приспособуваа на онлајн-учење, предвање и испрашување, при што се користеа различни алатки и платформи за видеокомуникација.

Оваа година нема полагање државна матура. Матурантите ќе може да конкурираат на факултет на уписите во август-септември  со дипломата за завршено средно образование.

 

 

Facebook Коментари