Од полноќ нови цени на на нафтените деривати.-одлучи РКЕ.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар и ќе изнесува 60,50 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар и ќе се точи за 52,50 денари.
Цените на Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) остануваат непроменети и во наредните седум дена ќе се продаваат за 63, односно 52,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 денари за килограм и ќе изнесува 25,980 ден/кг.
Овие цени ќе важат во следните седум дена.
Facebook Коментари