Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени. Утре претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 29 до 36 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари