Денеска, со почеток во 14:00 часот, пред зградата на Владата на Република Северна Македонија ќе протрстираат музичарите и угостителите, под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“
Протестот доаѓа откако Владата на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе измените на протоколите во угостителскиот сектор кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели), ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од 12 на 4. Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.
-Во среда сите заедно пред Влада. Клубови, ресторани за свадби, дџ-и и бендови… Кафе барови и ресторани, затоа што и нив не им е лесно. И сите пратечки дејности во нашиов сектор кои се погодени од нашето неработење или отежнато работење- стои во објавата на социјалните мрежи за најавениот протест.
Strugaonline
Facebook Коментари