Денеска ќе преовладува сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 24 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари