Пристигнаа вакцините од Србија, имунизацијата во земјава почнува во среда

- Македонија
463
Во земјава денеска пристигнаа 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер како поддршка од Владата на Република Србија.
На Табановце денеска во 10:00 часот претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде вакцините на премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
,,Ова е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Република Северна Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и директно преку производелите Фајзер и Синофарм.
Вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство веќе го објави и кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини. Утврдени се и приоритетните групи за вакцинирање.“ -изјави премиерот Заев
,, Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар. Во текот на утрешниот ден ќе се заврши регуларната процедура во Агенцијата за лекови, после што сме подготвени за вакцинација.
Вакцинацијата ќе се одвива во три фази согласно утврдениот Национален план за имунизација на населението. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.“-информираше министерот Филипче.
Филишче и Заев  упатија  благодарност  за овој пријателски гест до претседателот Вучиќ.
Strugaonline

Facebook Коментари