Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови

- Здравје, Македонија
779
Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови. Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација.
Медицинските екипи се подготвени да одговорат на потребите на сите граѓани.

Извор: Министерство за Здравство

StrugaOnline

Facebook Коментари