Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Согласно одлуката, цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,5 денари, и според новата цена од вечерва ќе се продава по цена од 76 денари за литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 82 денари, додека ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 84 денари.
Се намалува цената на екстра лесното масло и од 77 денари, ќе чини 75 денари. Цената на мазутот останува 41,4 денари.
Facebook Коментари