Врз основа на заклучоците на последната седница на Совет на Општина Струга, за случувањата со депонијата во општина Струга, а во рамките на проектот од ЕУ за подготовка на техничка документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, вчера започнаа теренските снимања на постојната депонија во Струга со цел изработка на градежно техничка документација за нејзино затворање и конзервација.
Во рамките на оваа активност ќе се подготвува и техничка документација за изградба на трансфер станица за отпадот во општина Струга. Истата ќе биде сместена на локацијата на постојната депонија и ќе служи за претовар и компактирање на локално собраните количини на отпад од селата и градот и нивен претовар во пресована состојба во големи контејнери за понатамошен транспорт до регионалната депонија.
Комплетната документација и студии заедно со сите потребни дозволи за изградба од надлежните институции на локално и централно ниво се очекува да бидат готови до ноември 2017 година.
Извор: StrugaOnline
Фото: Општина Струга
Facebook Коментари