На 7-ми март ќе биде доделена наградата за наjдобра необјавена песна за деца „Тоде”

- Локални
295
Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига” информира дека на 7-ми март, четврток, во Големата сала на општина Охрид, со почеток во 13:00 часот ќе се одржи настан на кој ќе биде доделена наградата за наjдобра необјавена песна за деца „Тоде”.
Оваа награда се доделува во чест на охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, Тоде Илиевски.

Настанот ќе се одржи на 7 март 2024 година, четврток, во Големата сала на општина Охрид, со почеток во 13:00 часот.

 Настанот е организиран со поддршка од Општина Охрид.

Facebook Коментари