Реновиран е детскиот агол во склоп на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
– Со огромно задоволство, би сакале да ја израземе нашата најискрена благодарност до Medicus Help за нивната помош и грижа во реновирањето на детскиот агол во нашата болница. Вашиот непроценлив придонес има големо значење, не само за нас како институција, туку и за сите деца и нивните семејства кои ги користат нашите услуги, информираат од болницата.
Додаваат дека овој нов, освежен детски агол ќе им обезбеди на најмладите пациенти место каде што ќе можат да се анимираат, учат и развиваат, што има големо значење за нивното психолошко и физичко здравје.
Strugaonline
Facebook Коментари