Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, АЕК (Грција), ГУИФ Ескилстуна (Шведска) и домаќинот Струга ќе играат на Меѓународен ракометен турнир „Струга 2024“ што по 52. пат ќе се одржи од 14-ти до 17-ти август.
Од организациониот одбор на турнирот најавуваат дека наскоро ќе бидат одредени и групите и ќе се одреди и распоредот на натпреварите.
-Среќни сме што традицијата продолжува и турнирот во Струга го задржува својот интернационален карактер. Ова е 52. издание на турнирот што не прави особено горди како најдолговечен турнир на овие простори, со секогаш атрактивни екипи и уникатноста на играње на отворено. Сезонава повторно ќе имаме 6 екипи поделени во две групи, и натпревари во вечерни термини. Со Струга секогаш се отвара новата натпреварувачка сезона, и овојпат ќе можеме да ги гледаме најдобрите екипи кои и досега победуваа на овој турнир, и кои се подготвуваат за своите мечеви на домашна и европска сцена-изјави Кирчо Јовановски, претседател на одборот за организација на турнирот.
Тој додаде дека и оваа сезона подготвуваат новини со кои, како што вели, турнирот ќе остане атрактивен за сите екипи.
Strugaonline
Facebook Коментари